Вучиќ ја пофали Македонија дека чесно тестирала и се пофали дека Србија направила најмногу тестови во регионот

Александар Вучиќ/ Фото ЕPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја пофали Македонија за чесно спроведување на тестирањето за откривање на корона вирусот.

Зборувајќи за бројот на тестови што ги спроведе Србија, Вучиќ истакна дека само четири земји во Европа (Германија, Австрија, Швајцарија и Италија) тестирале повеќе жители пропорционално на бројот на населениетонајгласувајќи дека Србија тестирала повеќе граѓани отколку сите земји во регионот.

Како што истакна, во Црна Гора до сега биле направени 18.000 тестови и тоа сите брзи тестови, бидејќи тие немалел лаборатории за ПЦР тестови, пренесува „Блиц“.

„Северна Македонија чесно тестираше 64.000, БиХ 97.000, Хрватска 82.000. Србија 428.000. Бугарија, која е со иста големина и е членка на ЕУ 147.000, Унгарија која е поголема од Србија имаше 281.000 тестови“, вели Вучиќ.

Тој нагласи дека тестовите заедно со лабораториската работа ја чинеле до сега Србија околу 50 милиони евра.

„Имаме уште 300.000 тестовитоа се уште 30 милиони евра“, истакна Вучиќ додавајќи дека во Хрватска тестот чини повеќе од 200 евра, а во Србија 50 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот