Вучиќ: Им реков на Заев и Рама дека нема да добијат датум за преговори со ЕУ

Во рамките на посетата на претседателот Стево Пендаровски во Белград, предмалку беше одржана и заедничка пресконференција со српскиот претседател Александар Вучиќ.

За време на пресконференцијата, претседателот Александар Вучиќ, истакна дека знаел оти Македонија и Албанија нема да добијат датум за преговори со ЕУ.

– Јас им реков и на Заев и на Рама, дека датум за преговори нема да добијат. Заев ми рече дека му ветиле, но јас реков да заборави на ветувањата. И, за жал, така излезе – рече Вучиќ на пресконференцијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот