Вучиќ и Палмер преку телефон се договориле да се состанат за десетина дена

фото: Курир.рс

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа телефонски разговараше со американскиот заменик помошник државен секретар Метју Палмер за Косово и регионот, соопштија од неговиот кабинет.

Во него се наведува да Вучиќ кажал дека Србија ќе продолжи да се залага за одржливо компромисно решение за Косово, истовремено заштитувајќи ги државните и националните интереси на Србија, како и интересите на Србите кои живеат на Косово.

Тема на разговорите била и ситуацијата во регионот, а Вучиќ и Палмер се согласиле дека мирот и стабилноста во регионот се клучни за напредокот.

Вучиќ и Палмер се договориле повторно да се состанат во наредните 10 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот