Вучиќ и Пахомије одбележаа 950 години од оснивањето на манастирот Прохор Пчински

Српскиот претседател Александар Вучиќ и патријархот на Српска православна црква (СПЦ) Порфириј денеска во Свети Прохор Пчински ја одбележаа 950-годишницата од оснивањето на манастирот, а Вучиќ од епископот Пахомије беше одликуван со Орденот на преподобниот Прохор Пчински, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ќе го чуваме и штитиме косовскиот завет и Видовден, но ќе се грижиме и за иднината на нашиот народ во Косово, како и во Бујановац и на секое друго место каде што живеат Србите, кажа Вучиќ во својот говор на јубилејот, истакнуајќи дека „за граѓаните е најдобро кога српската држава и црква растат заедно, иако не мора секогаш да се согласуваат, без црквата нема зачувување на националното и државното ткиво”.

Тој го повика српскиот народ да се обедини.

– Единството на српскиот народ е поважно и потребно од кога било. Ние не сме толку слаби како што бевме, не сме толку силни како што би сакале, но ќе бидеме многу посилни од кога било ако сме обединети, истакна Вучиќ.

Патријархот Порфириј порача дека молитвата Христова кон неговиот отец е повик кон единство, и тоа не на какво било единство, не на единство во идеологиите на овој свет, не кон единство што нè дели од другите, туку кон единство токму во Христа.

– Секој народ е создадена да биде Црква и секој човек е икона Божја и секој е повикан да биде наш брат. Знаеме дека сме православни Срби, но исто така знаеме и дека многу луѓе припаѓаат на други народи, и православни и неправославни, овде во манастирот кога доаѓаат покајно ја наоѓаат првенствено љубовта на монасите и монахињите кои живеат тука, но исто така ја чувствуваат и Божја љубов и од него примаат помош, заклучи патријархот Порфириј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот