Вучиќ и Хоти разговарале за економска соработка и подобрување на животниот стандард на луѓето

Александар Вучиќ/ Фото ЕPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Високиот претставник на ЕУ задолжен за регионалните прашања на западниот Балкан, Мирослав Лајчак, изјави дека лидерите на Србија и Косово покажале посветеност на денешната рунда преговори во рамките на Дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова беше првата физичка средба во рамките на Дијалогот помеѓу српскиот претседател, Александар Вучиќ, и косовскиот премиер, Авдулах Хоти, под покровителство на Европската унија во Брисел. Претходно се одржа една рунда преку видеоконференција.

За првпат по дваесет месеци Приштина и Белград прифаќаат повторно да разговараат за нормализација на односите.

Лајчак кусо изјави за медиумите вечерва дека на денешната рунда лидерите покажале посветеност. Темите на дневен ред биле исчезнатите и раселените лица, „симболична тема за помирувањето и многу конкретна за семејствата”, рече Лајчак.

Втората тема на дневен ред денеска била економската соработка.

-Економската соработка е еден од столбовите на Европската Унија, интензивирањето на економската соработка, искористување на целосниот потенција на Косово и Србија и подобрувањето на животниот стандард на луѓето, објасни специјалниот претставник, се теми за кои лидерите на Србија и Косово прифатиле интензивно да работат.

Идната недела веќе ќе се одржи нова рунда на експертско ниво на овие теми, а двајцата лидери се согласиле да се сретнат повторно физички во Брисел на почетокот на септември. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот