Вучиќ и Брнабиќ ја објавија програмата „Србија 2025“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ денеска ја преставија програмата „Србија 2025“, која содржи план за инвестициски проекти за развој на земјата во следните пет години. Преставувањето на програмата се одржува во Палата Србија, објави Танјуг.

Во својот говор Вучиќ рече дека дека оваа година ќе заврши со 4 отсто раст на БДП иако биле планирани 3,5 отсто.

– Според прелиминарните податоци нивото на странските директни инвестиции е 3,8 милијарди евра. Тоа го постигнавме благодарание на народот кој имаше доверба во својата држава и Влада. Денеска стоиме пред вас да ви покажеме што тоа ќе направиме, а наша цел е луѓето во Србија да живеат подобро – рече Вучиќ.

 

„План србија“ вредни нешто помалку од 14 милијарди евра и тоа ќе го зголеми нашиот економски раст. од една страна овој проект ќе се финансира од Буџетот, а од друга страна од меѓународни финансиски институции, рече премиерката Брнабиќ.

– Сакаме да ја позиционираме Србија како лидер и имаме големи потенцијали за тоа. Србија е земја со 10 отсто светски резерви на литијум и тоа е огромна шанса и една голема задача пред нас – рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот