Вучиќ ги почна консултациите за формирање влада

Александар Вучиќ/ Фото ЕPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Консултациите за формирање на владата на Србија започнаа денеска со состанок помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и претставници на изборната листа „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина”, предводени од Шаип Камбери.

Во наредните денови, Вучиќ ќе се сретне и со претставници на другите партии и листи кои обезбедија мандати на изборите – на СВМ, СПС, СПАС, Партијата за правда и помирување и СНС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот