Вучиќ: Дијалогот со Приштина мора да продолжи

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјавил дека дијалогот со Приштина мора да продолжи, и покрај обвинувањата за воени злосторства против косовскиот претседател Хашим Тачи.

Вучиќ во интервју кое го дал за време на престојот во Брисел, каде имал состанок со лидерите на ЕУ, рекол дека не сака да ги коментира обвинувањата од Специјалниот суд против Тачи.

Европската Унија во меѓувреме сигнализирала дека има намера да го рестартира дијалогот во јули.

– Не сакаме да ги зголемуваме физичките или политички конфликти меѓу Србите и Албанците, а тоа е најдобар начин да ја заштитиме сигурноста и безбедноста на Србите кои живеат во Косово, рекол Вучиќ за обвинувањето против Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот