Вучиќ демантираше дека соработувал со Ѓукановиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес реагираше на критиките кои му беа упатени од Црна Гора, во кои мандатарот за состав на новата црногорска влада, Здравко Кривокапиќ, тврди дека тој соработувал со Мило Ѓукановиќ.

Вучиќ изјави дека ако Кривокапиќ биде избран за премиер на Црна Гора, би било срамота да дојде во српската престолнина без важни и силни докази за обвинувањата околу изградбата на проектот „Белград на вода”.

– Убеден сум дека тогаш тој ќе ги донесе важните докази за „Белград на вода”, да не запознае со тоа или да каже дека лажел. Бидејќи нема такви докази, тој ќе мора да признае дека кажал невистини, иако тоа не е единствената невистина. Многу невистини за улогата на Србија во Црна Гора, пред тоа зборуваше и Ѓукановиќ, кажа Вучиќ.

Прочитајте и...  МВР со апел до повозрасните лица: Внимавајте на измамници кои бараат пари за лажни сообраќајки

Во врска со обвинувањата за мешање на Србија во внатрешните работи на Црна Гора, Вучиќ истакна дека оваа и други земји во регионот многу повеќе се мешале во внатрешните работи на Србија, особено со признавање на независноста на Косово.

– Србија само сака да покаже грижа за својот народ, тоа е целосно легитимно и во согласност со европските конвенции, кажа тој.

Говорејќи за лидерите на новата власт во Црна Гора, Вучиќ рече дека не ги познава Кривокапиќ, Дритон Абазовиќ или Алекса Бечиќ, но додаде и дека за него се важни Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ како претставници на Србите во таа земја.

Тој додаде дека верува дека односите со Црна Гора ќе бидат нормални затоа што, Србија нема никој толку близок.

Прочитајте и...  Земјоделците со барање до Европарламентот: Забранете понуда од типот „веган бургер" или „веган колбас" во рестораните

– Фактот дека сите сакаат да покажат колку се далеку од Србија, дека не се белградски филијали, немаме проблем со тоа. Ние ќе почекаме и секогаш ќе бидеме подготвени да ги чекаме нашите браќа за подобра соработка. Сите врати на Србија ќе бидат отворени за нашите браќа од Црна Гора, кажа Вучиќ. 

Поврзани вести

Армијата на Чешка започна да гради привремена полска болница во Прага (ВИДЕО)

Пензионерите излегоа на протест и контрапротест против Лукашенко (ФОТО+ВИДЕО)

Отворен памптрак велодром во вториот дел од Градскиот парк (ФОТО)

Слободен печат

СЗО со порака до властите: Ставајте ги контактите во изолација (ВИДЕО)

Слободен печат

Таравари: Ако на локалните избори ДУИ коалицира со СДСМ, ние ќе коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Единаесет лица ја загубија битката со коронавирусот во Грција, 438 новозаразени

Слободен печат

Остави Коментар