Вучиќ дециден: Каква и да биде состојбата во Србија нема затворање на границата кон Српска и БиХ

EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Србија нема намера да ги затвори границите кон Босна и Херцеговина и Република Српска, без оглед каква и да биде епидемиолошката состојба, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој, на новинарско прашање децидно одговори дека такво нешто нема да се случи.

-Ќа дадеме се од себе секогаш и во секој момент ако треба да му помогнеме на нашиот народ западно од Дрина, почитувајќи ги сите мерки, рече Вучиќ и додаде дека е горд на односот меѓу Србија и Република Српска, меѓу српските граѓани од двете страни на Дрина, и нагласи дека така и ќе продолжи.

-Нема да има никакво затворање на границата кон РС. Доколку можеме да помогнеме на било кој начин и во текот на пандемијата, и на секој начин, ние тоа ќе го правиме и во иднина, заклучи српскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот