Вучиќ: Да ги укинат таксите, а ние да го признаеме Косово, тоа потсетува на шега!

Србија е подготвена да преговара и да постигне компромисно решенија за Косово, но никогаш нема да се согласи на понижување, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, посочувајќи дека е изненаден од тоа што американскиот претставник, Метју Палмер говорел само за обврските на Белград, а во ниту еден момент не ги спомнал обврските на Приштина.

-Ако е сè така, како што рече Метју Палмер, и тоа на Косово, каде очекував да бараат намалување на очекувањата на приштинските власти и да укажат дека е неопходен компромис, се прашувам за што тогаш да преговараме- рече Вучиќ за „Новости“, коментирајќи ја изјавата на американскиот заменик помошник државен секретар, Метју Палмер, кој во Приштина рече дека Србија не може да влезе во ЕУ, доколку не го признае Косово.

-За тоа, во кој момент треба да ја признаеме независноста на Косово, а тие за возврат да ни ги укинат таксите? Тоа ме потсетува на шега. Во секој случај, ние ќе бидеме подготвени за разговори и за компромисни решенија, но никогаш нема да ја понижиме Србија- истакна претседателот.

Вичиќ, исто така, истакнал дека со големо внимание ги следел сите изјави на Палмер, и дека знае дека е врвен професионалец и човек кој ја извршува својата работа директно во согласност со политиките на Стејт департментот и САД.

-Тоа што ме изненади е фактот дека Палмер, и во Скопје и во Приштина, во суштина зборуваше само за обврските на Белград, а некои од нив се многу спорни. Во ниту еден момент, на пример, не ги спомена вистинските и објективните обврски на Приштина, како што е формирањето на ЦСА, бидејќи нивната несомнена меѓународна правна обврска произлегува од Бриселскиот договор и сите последователни анекси на тој договор- рече Вучиќ.

Тој, исто така, вели дека е изненаден од фактот што Палмер зборувал за агресивната кампања на Србија, во однос за повлекувањето на признавањето на независноста на Косово, а ние никогаш не сме прифатиле договор да се повлечеме од лобирање, ниту некаде такво нешто сме потпишале.

Претседателот, исто така, потсетува на контроверзниот проблем со таксите, посочувајќи дека нема услови за нивно постоење уште од 2006 година кога беше склучен Договорот за Цефта.

-Тоа е едно од основните човекови права – право на слобода на движење и движење на стоки и услуги. Тоа се работи кои не се допираат, а тие мислат дека кога ќе го сторат тоа имаат право да побараат од Србија признавање на Косово- рече претседателот.

На прашањето како ја разбрал заканата на Палмер, дека Србија може да се соочи со санкции доколку купи софистицирани системи за воздушна одбрана од Русија, алудирајќи на С-400, претседателот одговори:

-Не го набавивме С-400, а за сè останато, тие веќе оддамна знаат и мислам дека не претставува проблем. Но и тоа ви говори како не третираат. Бидејќи, ако говориме што Хрватите набавуваат од Америкнаците, но тоа не е проблематично. Тоа покажува дека постојат различни аршини, за различни земји. Ние секако дека ќе водиме сметка, бидејќи не би сакале некој во Србија да биде изложен на санкциите наметнати од страна на најсилната светска сила. Без оглед на тоа што тие би биле неоправдани и неправедни- вели Вучиќ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот