Вучиќ: Чекаме одговор за посетата на Путин, но и самите имаме мал проблем

Фото: Профимедиа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека Белград и понатаму чека одговор од Москва за најавената посета на рускиот претседател Владимир Путин, но и додаде дека Србија „секако“ наскоро ќе ја посети министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Вучиќ, на коментарите дека Москва ја откажала посетата на Путин заради приближувањето на Србија кон Америка, рече дека со рускиот претседател повеќе пати разговарал и дека Путин „едвај чека да дојде во Србија“, но и дека моментално е соочен со тешка епидемиолошка ситуација во Русија, каде дневно има „15.000 заразени и 300 починати од корона“.

Данас: Путин не доаѓа во октомври во Белград

„Ние и понатаму го чекаме неговиот одговор, но и самите имаме мал проблем бидејќи работата на завршувањето на Храмот Света Сава доцни 20-тина дена“, рече Вучиќ и потсети дека на отворањето на тој верски објект треба да присуствува Путин бидејќи Русија даде пари за работата на храмот.

Запрашан зошто рускиот министер за надворешни работи во турнејата на регионот не планирал посета на Србија, Вучиќ рече дека „како што стојат работите“, Лавров секако ќе дојде во Белград.

„Србија има одлични односи со Русија, но е на европски пат. Србија е слободна, независна држава со која многу се гордееме, а сигурен сум дека тоа го почитуваат и Путин, и Лајчак, и Ангела Меркел и Си Џинпинг“, рече Вучиќ.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот