Вучиќ: Бараме начин како дополнително да им помогнеме на Северна Македонија и Црна Гора во вакцинирањето

Александар Вучиќ/ Фото ЕPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека е во секојдневен контакт со Северна Македонија и Црна Гора и дека Србија наоѓа начини како дополнително да им помогне во вакцинирањето на населението.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ кажа дека не разбира кога некој го критикува фактот дека во Србија дошле стопанственици од регионот и што странските државјани доаѓаат поради вакцинирање, како и дека не му е важно и нема проблем со „недостаток на благодарност од „колегите”.

-За мене е важно луѓето да бидат задоволни, да бидат делумно заштитени сега кога ја примија првата доза, а кога ќе ја добијат втората, тие ќе бидат уште подобри и дека ќе се заштититени од тешки последици и смрт или барем во 99 отсто од случаите. Тоа е она што можеме да сториме за луѓето, изјави Вучиќ, одговарајќи колку е горд на пишувањето на медиумите во регионот што вакцинирањето на луѓе од земјите од Западен Балкан е организирано во Србија.

На Вучиќ не му е јасно, како што истакна, како некој не разбира дека српските граѓани не можат да бидат спасени, ако и луѓето во регионот не се.

-Не знам како некој тоа не го разбира, не сме ние пуст остров, живееме заедно со другите, кажа српскиот претседател.

-Секогаш има недговрни луѓе и такви кои ќе ви кажат дека ова не е кран или багер, туку дека ги труеме од хеликоптер, на такви луѓе тешко можеме да им објасниме, рече Вучиќ.

ФОТО+ВИДЕО | Твитер гори, Македонците навалија во Србија: Балканот се обедини за вакцини пред саемот во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот