Вучевиќ: Весиќ не е единствениот што треба да поднесе оставка

Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ во посета на Република Северна Македонија. - Премиерот Христијан Мицкоски / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Седницата на Главниот одбор на Српската напредна партија (СНС) се одржува во Сава центарот во Белград, објавија српските медиуми.

Премиерот Милош Вучевиќ рече дека очекува членовите на Главниот одбор да не молчат, туку „да се борат, почитувајќи ги семејствата на жртвите, за да се слушне политичката вистина“, пренесува Н1.

Точно е дека многу граѓани се исплашени и разочарани, но тоа, како што вели, не значи дека треба да ни го рушат и запалат домот.

На седницата присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што претходно најави премиерот и претседател на СНС Милош Вучевиќ, една од темите на главниот комитет и на седницата на Претседателството е политичката одговорност на прогресивците за трагедијата што се случи во Нови Сад кога се урна настрешница, при што загинаа 14 лица и тешко повреди уште тројца.

Како што рече, Весиќ не е единствениот што треба да поднесе оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот