Вучевиќ останува во Орландо, Лилард доби супермаксимален договор

Никола Вучевиќ само неколку часа по започнувањето на преодниот рок во НБА лигата, одлучи да остане во Орландо меџик и ќе потпише нов четиригодишен договор.

Иако двете најтрофејни екипи во НБА, Бостон селтикс и ЛА Лејкерс беа сериозно загреани за негов ангажман, Црногорецот одлучи да остане на Флорида и за новата четиригодишна верност кон Орландо ќе биде награден со 100 милиони долари.

Никола Вучевиќ од 2012 година е член на Орландо меџик, а минатата сезона успеа да го однесе својот тим во плејофот. Тој во најдобрата сезона во кариерата имаше просек од 20.8 поени и 12 скокови.

Првата ѕвезда на Портланд треилблејзерс, Демиен Лилард се наоѓа пред потпишување на нов договор со тимот во кој е цела кариера. Според правилата на НБА лигата, Лилард кој цела кариера е во Портланд (0д 2012 година) му следува супермаксимален договор од дури 196 милиони долари за четири сезони.

Четирикратниот ол стар кошаркар го предводеше Портланд до финалето на Западната конференција каде беа елиминирани од Голден Стејт вориорс, а во регулатниот дел од сезоната постигнуаше по 25.8 поени и 6.9 асистенции по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот