Второто полувреме кобно за Е. Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го доживеаја вториот пораз во Лигата на Европа откако загубија со 28:20 на гостувањето кај главниот фаворит во групата, Рајн-Некар Левен.

Битолчани одиграа одлично во првото полувреме, и беа рамноправен противник на германскиот тим во воведните минути од вториот дел по што домаќините дојдоа до предност од седум гола и ги решија дилемите околу победникот.

Ракометарите на Е. Пелистер одлично го започнаа натпреварот и по воведното водство се до средината на полувремето играа гол за гол (4:4 13. минута). Потоа грешките во нападот Рајн-Некар Левен ги казнува со брза серија од 3:0, но со два гола на Велковски и Периќ, пелистерци намалија на 8:7. Сепак на полувреме се замина со три гола предност за домашниот тим (14:11).

Во второто полувреме, избраниците на Жељко Бабиќ полека паднаа во играта, а тоа го искористи домашниот тим кој направи серија од 5:0 и го оствати Пелистер цели 13. минути (37-50 минута) без постигнат гол. За тоа време, предноста од 17:15 се зголеми на седум гола и со тоа беа решени сите дилеми околу победникот.

Периќ постигна пет гола за пелистерци, Мараш даде четири, а Велковски три, додека во редовите на Рахн-Некар Левер најпрецизен беше Вајгел со седум гола.
По три одиграни натпревари во Лигата на Европа, Е. Пелистер има еден бод од дуелот со Кадетен Шафхаузен и два порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот