Второто место се поблиску: Убедлив триумф на младите фудбалери во Казахстан (ВИДЕО)

фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година оствари убедлив триумф од 1:4 на гостувањето кај Казахстан во квалификациите за ЕП.

Со убедливата победа, избраниците на селекторот Благоја Милевски се зацврстија на второто место во шестата група со 13 бодови од седум натпревари, додека Казахстан е трет со 10 бода и натпревар повеќе, а Израле има осум бода и натпревар помалку од „црвено-жолтите“.

Победата ја најави Дарко Чурлинов кој во 38. минута го постигна првиот од своите два гола, а три минути подоцна Јани Атанасов ја затресе мрежата на Казахстанците откако одбиената топка од неговиот удар од пенал дојде повторно до неговите нозе и овој пат не погреши.

По само три минути игра во второто полувреме Чурлинов со нова мајсторија донесе убедлива предност од 0:3 и најава за убедлив триумф.

View this post on Instagram

А вот и третий гол. #kaz #football

A post shared by SPORTS.KZ (@kzsports) on

Домашните фудбалери единствено што успеаја да направат беше голот во 52. минута на Омиртајев со кој намалија на 1:3.
Точка на натпреварот стави Димитар Митровски со голот во 67. минута.

Наредниот натпревар за младите фудбалери во квлаификациите за ЕП 2021 година е на 13. октомври кога во Скопје го пречекуваат Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот