Второто издание на Скопскиот градски фестивал ќе се одржи во Домот на АРМ

Второто издание на Скопскиот градски фестивал ќе се одржи на 16 октомври во Домот на АРМ, со почеток во 19 часот. Организаторот „Баги комуникации“ за оваа година ги најави настапите на македонската фјужн-група „Зулу 3.4“, потоа на словенечко-српското дуо со македонски корени Атанасовски-Хаџиманов дуо и на грчкиот виртуоз на хармоника со неговата група „Танос Ставридис и дром“.

Претходно беше предвидено фестивалот да се одржи на отворено на Школка во Градскиот парк, но дождливото време ги измести плановите на организаторот, кој покрај промената на локацијата ветува врвна изведба и возбудливо музичко искуство.

„Зулу 3.4“ е инструментален бенд од Скопје, основан во март 2018 година од тројца млади љубители на џезот, чија цел беше да создадат уникатен звук преку спојување различни стилови и да внесат свежина на македонската музичка сцена.

Васко Атанасовски е водечки словенечки и европски саксофонист, а Васил Хаџиманов е најдобриот светски џез-пијанист на електрично пијано.

Танос Ставридис e водечки грчки музичар, факултетски професор и еден од најдобрите европски инструменталисти на хармоника. Тој ќе го промовира својот нов албум „Spicey Margarita“, прогласен за еден од најдобрите европски ворлд-мјузик албуми во 2021 година.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.

Медиумски партнер е „Слободен печат“.

Влезот е бесплатен, а треба да се покаже сертификат за вакцинираност.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 101, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 16-17 октомври 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот