Вторник со ТОП КНИГА од „Литература.мк“: Сакај ја диво“ од најпознатиот инстаграм поет – Атикус

Во секојдневното прелистување на содржините на социјалните мрежи, сигурно сте наишле на неговите стихови објавени од профилот @atticuspoetry. На Инстаграм има над 1,3 милиони следбеници.  Овој анонимен поет од западниот брег на Британска Колумбија, се нарекол Атикус инспириран од старогрчкиот филозоф. Го нарекуваат и Бајрон на интернет-генерацијата. Тој е искрен, интимен и мистериозен.  Милиони луѓе секојдневно уживаат во неговите стихови и неговата извонредна умешност со малку зборови да каже многу. За него се претпоставува дека има 20 и нешто години, никој не знае како изгледа (носи маска) и е ѕвезда на новата генерација инста-поети. Неговата поезија е дотолку инспиративна, што повеќе негови фанови стиховите „Love her but leave her wild“ (Сакај ја, но остави ја дива) ги преточија во тетоважи.

Со искреност, трогателност и романтичен занес, во „Сакај ја диво“ е поместено сето она што истовремено е необработено и култивирано, и во најмалите и во најголемите мигови во животот: првиот изблик на нова љубов, ноќно возење проследено со потпевнување на песната што свири од радиото во автомобилот, незадржливата бујност на женскиот дух, едноставното задоволство што го нуди доброто виски… Атикус ги дестилира највозбудливите занеси и најголемите разочарувања од животот и од љубовта и ги поместува во неколку кратки редови, така осигурувајќи се дека неговите зборови ќе останат врежани во мозокот на читателот – и ќе го разбудат чувството за авантура кај него.

Книгата „Сакај ја диво“ е достапна во книжарниците на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарача и онлајн, на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13590

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот