Вториот најбогат човек на светот го купува Милан за милијарда евра

twitter.com/zazoomblog

Иако на крајот од септември во отворено писмо демантираше дека планира да го купи Милан, Бернар Арно сопственикот на ЛВМХ групацијата (во која спаѓа и луксузниот бренд Луј Витон), повторно се поврзува со купување на тимот од „Сан Сиро“.

„Драги навивачи на Милан, сакав да ви ја напишам оваа порака за да се стави крај на шпекулациите за евентуалниот интерес на моето семејство или ЛВМХ групацијата за купување на Милан.Имаме голема почит кон вашиот клуб, неговите вредности, фантастичната историја, но никогаш не сме контаклтирале со некого од клубот и никогаш не сме биле заинтрересирани да инвестираме или да го купиме Милан“, напиша Арно во септември кога демантираше дека е заинтересиран за купување на Милан.

Сепак, според „Кориере дело Спорт“, вториот најбогат човек на светот, веќе тајно преговара со инвестицискиот финд Елиот кој е сопственик на Милан.

Французинот чие богатство се проценува на 93 милијарди евра, наводно во декември годинава за сума од 975 милиоини евра ќе стане нов сопственик на Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот