Вториот MINI ONE од МИНИ И МАКСИ отпатува за Тетово

Пред салонот М-КАР во Скопје Државна Лотарија додели уште еден автомобил MINI ONE од инстант лозот МИНИ И МАКСИ.

Среќниот добитник на кој  се предадени клучевите од прекрасниот автомобил е Меридон Муртезани од Тетово. Меридон ни ја раскажа неговата среќна приказна. Имено, тој често купува инстант лозови, а на роденденот на неговата внука барајќи подарок за неа во трговскиот центар Палма мол во Тетово,  од  продажното  место на Државна Лотарија купиле само два лоза МИНИ И МАКСИ. Еден од двата лоза му донел три исти симболи и посакуваниот автомобил MINI ONE. 

Меридон пресреќен за добивката вели дека кој игра тој и добива и дека не престанува тука со игрите на среќа на Државна лотарија. Тој го напушти салонот со новиот автомобил кој ќе го вози низ улиците на Тетово.

Инстант лозот МИНИ и МАКСИ во продажба е од 06.09.2019 година, a како главни добивки од овој инстант лоз се 10 автомобили  BMW X1 и 5 автомобили MINI ONE.

Покрај автомобилите лозот нуди можност и за многу парични добивки. Не пропуштајте ја шансата за МИНИ инвестиција од 80 денари да дојдете до МАКСИ добивка со инстант лозот МИНИ и МАКСИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот