Вториот голман на ПСЖ се бори за живот, паднал од коњ

Фото: EPA-EFE/ANNA Szilagyi

Резервниот голман на Пари Сен Жермен, Серхио Рико се наоѓа во животно-загрозувачка состојба откако паднал од коњ, пренесуваат француските медиуми.

Според информациите, Рико заработил тешка повреда на главата и е хоспитализиран во болница во Севиља.

Шпанскиот голман вчера беше резерва на натпреварот против Стразбур (1:1), а утрово заминал за Андалузија каде што ја доживеал сериозната несреќа. По несреќата тој веднаш со хеликоптер бил пренесен во болница.

Несреќата ја потврди портпаролот на ПСЖ.

„Во овој момент Рико е во тешка состојба“, изјавил кратко за медиумите портпарлот на ПСЖ.

Не е потврдено, но наводнот голманот се наоѓа на апарати кои го одржуваат во живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот