Втората вечер од „Пивофест2019“ со многу гости и весела атмосфера

Првата вечер од  фестивалот во Прилеп „Пивофест 2019“ помина во одлична атмосфера и голема посетеност, што во претходните години не беше карактеристика за првиот фестивалски ден, соопштија организаторите на фестивалот, а во истиот дух продолжи и втората вечер.

Синоќа на „Пивофест 2019“, главната бина беше резервирана за настапите на Миле Кузмановски, Ален Хасановиќ, Уска Кан и Демир Кантуровски, а вечерта ја затвори Светлана ЦецаРажњатовиќ.

Многу гости, весела атмосфера и добра музика се само дел од впечатоците кои ја одбележаа и втората фестивалска вечер.

Од друга страна, прилепскиот градоначалник, уште по првата вечер, во која главни ѕвезди беа „Галија“, го изрази своето задоволство.

– Задоволството е уште поголемо што и на алтернативните сцени беше исто така добро, како и во детското катче и на јавниот простор, така и на Камената бина каде младите се забавуваа до раните утрински часови. Најважно е што сѐ помина во најдобар ред – изјави градоначалникот Илија Јованоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот