Втората вечер од „Пивофест2019“ со многу гости и весела атмосфера
Првата вечер од фестивалот во Прилеп „Пивофест 2019“ помина во одлична атмосфера и голема посетеност, што во претходните години не беше карактеристика за првиот фестивалски ден, соопштија организаторите на фестивалот, а во истиот дух продолжи и втората вечер.
Синоќа на „Пивофест 2019“, главната бина беше резервирана за настапите на Миле Кузмановски, Ален Хасановиќ, Уска Кан и Демир Кантуровски, а вечерта ја затвори Светлана ЦецаРажњатовиќ.
Многу гости, весела атмосфера и добра музика се само дел од впечатоците кои ја одбележаа и втората фестивалска вечер.
Од друга страна, прилепскиот градоначалник, уште по првата вечер, во која главни ѕвезди беа „Галија“, го изрази своето задоволство.
– Задоволството е уште поголемо што и на алтернативните сцени беше исто така добро, како и во детското катче и на јавниот простор, така и на Камената бина каде младите се забавуваа до раните утрински часови. Најважно е што сѐ помина во најдобар ред – изјави градоначалникот Илија Јованоски.