Втората пратка од вакцините АстраЗенека пристигнува до 22-ри април

epa-efe
Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Според Ковакс механизмот, Македонија треба да добие 100.800 дози од вакцината Астра Зенека. В недела пристигнува првата доза од 24.000 вакцини, објавува Телма.

Втората доза од 36.000 вакцини треба да пристигнат до 22-ри април, а остатокот од 40.800-тони вакцини ќе дојдат во втората половина од годинава.

Американската администрација во меѓувреме, обезбеди две милијарди долари од планираните четири на агенцијата за вакциници ГАВИ, која е дел од КОВАК системот за рамномерна распределба на вакцините за 92 земји со низок и среден приход.

Владата на САД ќе обезбеди дополнително финансирање до 2022 година и ќе работи со други донатори за да се направат понатамошни ветувања и обврски за да се исполнат критичните потреби на Гави COVAX AMC.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот