Втората фаза од преговорите за трговскиот договор меѓу САД и Кина започнува наскоро

Во најблиска иднина ќе почнеме преговори, рече Трамп, дополнувајќи дека повеќето американски такси, кога е во прашање Кина, ќе останат непроменети и во втората фаза од преговорите.

Преговорите за втората фаза од трговскиот договор на САД и Кина наскоро ќе почнат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп од говорницата на Светскиот економски форум во Давос.

– Во најблиска иднина ќе почнеме преговори, рече Трамп, дополнувајќи дека повеќето американски такси, кога е во прашање Кина, ќе останат непроменети и во втората фаза од преговорите.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во присуство на потпретседателот Мајк Пенс и Лу Хе, вицепремиер на Државниот совет на Кина, минатата недела ја потпишаа таканаречената „прва фаза” од долгопреговараниот трговскиот договор со Кина. Овој договор е една од ретките политики на претседателот Трамп едногласно одобрена од неговите опоненти, демократите во Конгресот.

Согласно договорот од првата фаза, Кина се обврзува да спроведе значајни реформи во низа клучни области и во наредните две години да откупи од САД стоки во вредност од 200 милијарди долари. Договорот е заснован на сигурен систем за регулирање на спорови за нивно брзо и ефективно решевање и придржување на начелата на договорот.

Прочитајте и...  Попоски: Доаѓа Јакоб – со себе носи врнежи

Испочитувани се области како заштита на авторски права, запирање на принуден трансфер на технологии, зголемување на обемот на закуп на американски земјоделски производи, симнување на бариерите за американски финансиски услуги, стоп за манипулацијата со курсот на јуанот и запазување на балансот во трговските односи меѓу САД и Кина, како и регулирање на споровите.

Прочитај повеќе

Хонгконг на околу седум милиони жители ќе им подели по 1.280 долари во готово

Слободен печат

Почнаа карневалските празнувања во Струмица

Слободен печат

АКЦИЈА ВО УКРАИНА: Властите уништуваат 37.000 шишиња нелегално произведена вотка

Слободен печат

Руската полиција заплени бетмобил (ВИДЕО)

Слободен печат

Асанж се пожали дека не може да ја следи постапката за екстрадиција: Во ова учествувам како да гледам Вимблдон

Слободен печат

Трамп најави пресконференција за коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Додик: Посетата на Ѓукановиќ на БиХ е штетна по националниот интерес на Република Српска

Слободен печат

Тавила: Северна Македонија е подготвена за рано откривање на случаите со коронавирусот

МИА Агенција

Јенс Шпан: Германија е на почетокот од епидемијата на новиот коронавирус

Слободен печат

Листата на чекање сѐ подолга: Речиси осум илјади луѓе сакаат да патуваат во вселената

Слободен печат

Струмичкиот карневал нема да се откаже, ќе се следат препораките од надлежните

Слободен печат

Косово: Ниту едно лице не е заразено со коронавирус

Слободен печат