Втора „Skopje street art & graffiti gallery“ во катната гаража „26 јули“

Денеска со почеток во 18 часот во катната гаража „26 јули“ (прво ниво) ќе биде отворен „Skopje street art & graffiti gallery 2“.

Галеријата ќе биде составена од дела направени од 13 домашни ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност кои беа избрани преку конкурсен повик.

Артисти:
Андреј Павлов, Блаже Атанасков, Владимир Илиевски, Владимир Милиќ, Гоце Илиевски, Дејан Давчевски, Драган Китановски, Ивана Мојсовска, Ирина Атанаскова – Цоневска, Максим Димитров, Марјан Димиќ, Марко Вујисиќ, Тамара Забазноска.

Организатори на овој проект се Младинскиот културен центар и Град Скопје. Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот