Втора шанса за брејк на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје вечерва (20 ч.) го игра вториот натпревар од финалната серија во АБА-2 лигата против Приморска. Во првиот дуел, вчера словенечкиот тим победи со убедливи 93:72 и поведе во финалето кое се игра до три победи.

Металците“ се убедени дека нема да им се повтори сликата од првиот натпревар кога беа надиграни од Приморска, пред се благодарение на одличниот шут за три поени (13/21).

– Уште кога го напуштивме паркетот по вчерашната пресметка почнавме да мислиме на денешниот дуел. Без разлика на тоа што се случи, не се предаваме однапред, ниту пак, мислиме дека Приморска е непобедлива. Синоќа тие имаа свој ден, зошто овој пат ние да бидеме тие што ќе погодуваат од секаде. Мора да ја подобриме агресивноста во одбраната и ако успееме во тоа ќе си овозможиме лесни поени, кои и тоа како се добри за моралот. Нема предавање, одиме да одиграме најдобро што знаеме – вели Лестер Медфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот