Втора пратка медицинска помош од Германија за Кина

Бројот на смртни случаи како последица на коронавирусот во Кина изнесува 1.868 лица. 

Германија испраќа втора пратка медицинска помош во Кина за да и помогне во борбата против коронавирусот од кој се заразени повеќе од 73.000 лица.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска изјави дека германската Влада ќе испрати 8,7 тони средства во вредност од 150.000 евра, вклучувајќи заштитна опрема и дезинфекциски средства.

– Германија цврсто стои на страната на Кина во борбата против коронавирусот и има блиска соработка со кинеските власти. Исклучително ги почитуваме напорите што Кина ги прави, рече Мас.

Бројот на смртни случаи како последица на овој вирус во Кина изнесува 1.868 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот