Голема победа за осминафинале на Македонците на СП!

wch2019championship.com.mk

Денеска на СП продолжија возбудувањата со дуелите од третото коло и полека се откриваат имињата кои претендираат за настап во елиминациските борби.

Во рамките од третото коло во групата Ц од Светското кадетско првенство што се одржува во нашата земја, кадетската репрезентацијата на Македонија славеше во СЦ „Борис Трајковски“ со 27:25 (12:9).

Најефикасен беше Серафимов кој запиша 10 голови, три помалку Костески.

После три кола на СП со максимални шест бодови води Данска, пред Македонија и Јапонија кои имаат по четири, следуваат Бахреин и Аргентина по два, а без бодови е репрезентацијата на Нигерија.

Во наредното четврто коло нашите ракометни надежи в недела од 20.30 часот ќе ги одмери силите против Данска, а еден ден подоцна во истиот термин ривал во последната петта рунда од групната фаза е Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот