Втора победа во низа за Леклер

фото: formula1.com

Возачот на Ферари, Шарл Леклер триумфира на трката за Големата награда на Италија која се возеше на легендарната патека Монца.
Младиот возач со триумфот конечно го прекина деветгодишниот постот на Ферари на Монца,м а тој стигна до втората едноподруго победа откако славеше и на патека во Спа.

Второто место му припадна на возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, а третата позиција ја освои лидерот во генералниот пласман, Луис Хамилтон, исто така од Мерцедес

За да дојде до втората победа во кариерата во Формула 1 шампионатот, Леклер мораше добро да се намачи бидејќи во текот на целата трка беше под притисок од двоецот на Мерцедес. Хамилтон имаше обиде да го помине Леклер но младиот возач одлично го затвори просторот и го избутка возачот на Мерцедес, надвор од патеката.

За тој потез, Шарл Леклер доби само опомена и до крајот не дозволи нов напад од конкурентите. Затоа пак, Хамилтон на 10-тина кругови до крајот направи грешка и му дозволи да клупскиот колега Ботас да го претекне.

Бодови освоија уште и Даниел Рикиардио (Рено), Нико Хулкенберг (Рено), Александер Албон (Ред Бул), Серхио Перез (Рејсинг поинт). Макс Ферстапен кој стартуваше како последен, на крајот дојде до осмото место, додека пласманот меѓу најдобрите 10 визачи го комплетираа Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) и Ландо Норис (Мекларен).

Во Генералниот пласман лидер е Хамилтон со 284 бода, Ботас има 221, Себастијан Фетел кој не ја заврши трката има 185 бодовим, само три повеќе од победникот , Леклер. Следната трка во Ф1 ќе се вози на 22 септември во Сингапур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот