Втора книга: „Паралел“ од Верица Ацеска

Издавачот „Прозарт медија“ ја објави втората книга на авторката Верица Ацеска, а промоцијата се одржа во МКЦ, со драматизација на фрагменти од книгата со учество на Ана Стојаноска, Филип Трајковиќ, Никола Настоски, Јована Спасиќ, Марија Илијоска, Христина Цветаноска, Емилија Мицевска Трајковиќ, Никола Ацески (преку видео) и Верица Ацеска.

– Втората книга на Верица Ацеска повторно носи езотеричен наслов „Паралел“, и повторно, како и во првата „19“, насловот сугерира многу различни потенцијали, но, впечатливо ја крие својата содржина. Напишана поблизу до стилските експресии на филмските автори, фокусирана на човечките судбини, притоа водејќи се од линијата на тоа дека светот функционира според одредени правила во таканаречената „божја компензација“, оваа книга (роман, новела, сторија) пред нас како читатели прикажува неколку денешни/современи ликови, напишани според животните случувања како директни, живи, релјефни партитури, што многу ретко се сретнуваат низ нашата книжевна практика. „Паралел“ е животна приказна, каква што се случува околу нас, нам или на луѓето што ги знаеме, која се обидува сите оние проблематични карактерни особини „да ги оправда“ со позадинската приказна, токму онака како што е тоа и во животот – во поговорот на книгата напиша проф. д-р Ана Стојаноска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 53, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-18 октомври 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот