Втор златен медал за Косово на Летните олимписки игри

Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Џудистката Дистрија Красниќи денеска освои златен медал за Косово на Летните олимписки кои што се одржуваат во Токио, Јапонија.

Красниќи во финалето во категоријата 49 килограми ја совлада Фуна Тонаки со резултат 1:0 во поени.

Тоа е инаку вториот медал за Косово на Олимписките игри во својата историја, првиот го освоија на Игрите во Рио де Жанеиро исто така во џудото кога својот животен сон го оствари Мајлинда Кељменди.

Красниќи инаку има европска титули, светски медал, а сега и олимписки.

Во првото коло помина без борба, во второто лесно ја совлада Бразилката Габриела Чибана, а со брз триумф над Чен-Хао Лин од Кинески Тајпеј дојде до полуфиналето.

Кина го освои првиот златен медал на Олимпијадата во Токио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот