Втор убедлив пораз за Македонија на ЕП во ракомет на плажа

Женската ракометна репрезентација во ракомет на плажа доживеа и втор пораз на Европското првенство во Португалија.
Откако денес претходно во првиот натпревар загубивме од Украина, ракометарките беа поразени и од Холандија исто така со 0:2 во сетови. Со Украина можеби бевме колку-толку рамноправни во вториот сет, но тука Холанѓанките целосно доминираа во двата сета.
Првиот сет го добија со убедливи 28:12, а вториот со 25:10. Кај Холандија најрасположена беше Изабел Бернард која постигна 14 поени, додека Меике Крујер запиша 13 поени. Во нашите редови Бојана Диневска со десет поени беше најефикасната, зад неа следеше Ана Марија Божиновска со четири.
Последниот меч македонските ракометарки го играат утре против домаќинот Португалија.
Списокот на ракометарки со кои Македонија учествува на ова ЕП:
