Втор смртен случај од мајмунски сипаници во Шпанија

Фото: МИА

Шпанија го регистрираше вториот смртен случај поврзан со мајмунски сипаници, пренесува „Гардијан“.

Земјата го пријави првиот ваков случај вчера, а денеска од министерството за здравство на Шпанија соопштија дека е пријавено уште едно починато лице како последица на вакво заболување.

Бразил беше првата земја надвор од Африка која пријави смртен случај поврзан со мајмунски сипаници, а Шпанија е прва таква земја во Европа.

Според последниот извештај на СЗО, во светот досега беа регистрирани 5 смртни случаи од мајмунски сипаници, сите од Африка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот