Втор смртен случај на трудница во неполн месец. По септемврискиот на ГАК, кога почина 40 годишна бремена жена од Шуто Оризари, синоќа во болницата „Мајка Тереза“ во Чаир почина и 24 девојка од скопско Студеничани.
Таа била примена во болницата во бесознание, без пулс и со мртов плод во утроба. Медицинскиот персонал веднаш се обидел со реанимација што, за жал, завршила безуспешно.
За случајот е известено и Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде истакнаа дека телото на починатата е предадено на обдукција на Институтот за судска медицина.