Втор случај на заразена воспитувачка во Битола, повторно од истата градинка

Дезинфекција на образовните објекти / Септември 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Уште една воспитувачка од градинкaта „Коца Василева“ во Битола е позитивна на коронавирусот, но овој случај не е поврзан со претходно заболена колешка од оваа градинка, потврдија од градинката за Телма.

Воспитувачката се заразила од својот сопруг, а откако тој пројавил симптоми таа од четвртокот не одела на работа и се самоизолирала, а потоа тестовите покажале дека двајцата се позитивни на вирусот.

Ова е втора воспитувачка од оваа градинка која е позитивна на вирусот. Претходно само три дена откако градинките ги отворија вратите, вирусот беше утврден кај негувателка која во изолација испрати три колешки и 5 деца, кои веќе се вратија во градинката.

Негувателки во градинки во Битола и Скопје се позитивни на коронавирус, деца и вработени ставени во изолација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот