Втор случај на мајмунски сипаници во Грција

мајмунска сипаница
Мајмунска сипаница / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Во Грција е потврден вториот случај на мајмунски сипаници кај 47- годишен маж кој неодамна патувал во Шпанија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), соопштија дека станува збор за втор увезен случај на болеста во земјата, а мажот е хоспитализиран и е во стабилна состојба.

Објаснуваат дека првиот тест за „non-variola orthopox”, вклучително мајмунски сипаници, бил позитивен, а примероците биле испратени и во Лабораторијата за микробиологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Аристотел” во Солун за потврда на вирусот.

Во соопштението од ЕОДИ истакнуваат дека „според досега достапните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација и понатаму е ниска, бидејќи болеста е обично блага и се карактеризира со релативно ниска преносливост” и додаваат дека информирањето за случаи на мајмунски сипаници во земјата ќе се врши на седмично ниво, секој четврток.

Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше потврден во средата кај маж кој неодамна патувал во Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот