Втор протест на мајките чие породилно отсуство завршува задутре

Мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство, денеска попладне повторно излегоа на протест пред Владата, против одлуката да се вратат на работа на 23 септември.

Бараат да се испочитува препораката на Комисијата за заразни болести за продолжување на породилното отсуство до 31.12.2020 година, бидејќи како што велат, со новите случаи на заболени градинките се ризик за нивните деца.

Според владината одлука, од 14 септември, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, треба да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот