Втор обид за старт на судскиот процес за случајот „Меѓународен сојуз“ откако Ременски и Јовановски побараа изземање на Рускоска

Фото: Слободен печат

Откако Јавниот обвинител Љубомир Јовески се реши да не ја изземе Вила Рускоска денеска се очекува да почне рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз“.

Судскиот процес започна на 1 јули. Во случајот Меѓународен сојуз се обвинети Бојан Јовановски за измама и перење пари, а за истото дело се обвинети уште и Јасна Ерцеговиќ и Кристина Блажевска, поранешната пратеничка Фросина Ташевска Ременски за измама, додека таткото на Бојан, Миле Јовановски е обвинет за перење пари и неовластено држење и трговија со оружје.

Ова ќе биде втор обид за старт на судскиот процес за случајот „Меѓународен сојуз“, откако првото рочиште на 1 јули беше одложено поради барање за изземање на обвинителката Вилма Рускоска од овој предмет. Барањето го поднесе Ременски која е третообвинета во случајот за измама, а причините кои ги наведе се селективност, попречување на правдата и кршење на нејзините права како обвинета. Потоа кон него се приклучи и Јовановски кој, пак, е првообвинет за измама и за перење пари.

Судскиот процес го води судечки совет составен од двајца поротници и судијката Софче Гаврилова-Ефремова која беше втора судијка и во случајот „Рекет“. Доколку не дојде до ново одложување, на денешното рочиште се очекува обвинетите да се произнесат за вина, како и странките да ги дадат своите воведни зборови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот