Втор напад на клиника за рехабилитација за еден месец во Мексико, 24 мртви и 3 тешко повредени

Мексико полиција/ Фото Архива на СП

Вооружени лица вчера упаднаа во клиника за рехабилитација од дрога во градот Ирапуато, централно Мексико и убија 24 луѓе, а тројца се тешко повредени.

Гувернерот на мексиканската сојузна држава Гуанајуто, Диего Синхуе Родригез Валејо инцидентот го нарече „кукавички напад”.

Тоа е втор напад во Ирапуато за помалку од еден месец, на 6 јуни беше нападната друга клиника за рехабилитација, при што загинаа 10 лица. Додека во декември минатата година од клиника за рехабилитација во истиот град беа киднапирани повеќе лица.

Во тој регион десјтвуваат едни од најопасните нарко картели „Халиско Нуева генерасион” и „Санта Роса де Лима”.

Шефот на „Санта Роса де Лима” Хозе Антонио Јапез Отриз пред десетина дена преку видео се закани дека ќе ескалира насилството откако во полициска рација беа упасени неговата сестра и мајка.

Во мексико минатата година беа регистрирани речиси сто убиства дневно, а поголемиот број од загинатите се жртви на нарко картелите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот