Втор напад на Израел врз Сирија за седум дена: База во јужниот дел на Дамаск како мета на проектилите

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Сириската војска соопшти дека во израелските воздушни напади е погодена област во јужното предградие на Дамаск, каде воени дезертери тврдат дека има силно иранско воено присуство.

Во соопштението на сириската војска се вели дека Израел извршил напад од Голанската висорамнина, пришто е направена само материјална штета. Тоа е втор таков напад за една седмица.

Според тврдења на воени дезертери, целта била воена база во близина на сирискиот дел на Голанската висорамнина, долж границата со Израел, која и претходно била на удар.

Израел во средата минатата недела започна со воздушни напади на, како што рече, широк спектар на сириски и ирански цели во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот