Втор грабеж на објект за игри на среќа за помалку од 48 часа во Тетовско

Игри на среќа / Фото: Илустрација

Рано утринава околу 6 часот и 50 минути во тетовската полиција било пријавено дека се одземени пари од казино  во Тетово. Во неделата во Теарце беше ограбена спортска обложувалница.

-Пријавено е дека едно лице со закана со остар предмет одзело пари од казино во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, инфомираат од тетовската полиција.

Во неделата во 22.30 часот беше пријавено дека две лица, со закана со оружје од спортска обложувалница во тетовско Теарце одзеле пари.

Разбојништво, односно одземање на пари од страна на две лица со оружје пријавил и 39 годишник од скопско Моране вчера околу 20:30 часот на патот од тетовско Боговиње кон Жеровјане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот