Втор ден по ред САД со рекорден број починати од Ковид-19, Куомо ќе нареди задолжително носење маска

epa08333046 Medical professionals and hospital employees transfer a body on a hospital gurney into temporary storage in a mobile morgue, being used due to lack of space at the hospital, outside of the Brooklyn Hospital Center in Brooklyn, New York, USA, on 30 March 2020. New York City is still the epicenter of the coronavirus outbreak in the United States and as of Monday there were reportedly 1,218 people who have died as a result of complications from COVID-19. EPA-EFE/JUSTIN LANE

САД втор ден по ред бележат трагичен рекорд по смртни случаи – во последните 24 часа, од корона вирусот починале 2.371 лице со што вкупниот број на жртви се искачи на 30.800.

Бројот на заразени надмина 640.000, а речиси 50.000 пациенти оздравеле.

Првите случаи на заразата во САД беа пријавени на 29 февруари. За 38 дена, бројот на жртви достигна 10.000, а само девет дена подоцна починаа 30.000 луѓе.

И покрај фактот што бројот на починати и новозаразени лица секојдневно сè уште е голем, во некои делови на Америка епидемијата опаѓа.

Гувернерите на 20 држави во кои има заразени, веруваат дека на 1 мај можат повторно да ја придвижат економијата, датум кој претседателот Доналд Трамп го означи како почеток на отворањето на земјата

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, денеска изјави дека ќе нареди сите граѓани на оваа држава да носат заштитни маски или со облека да го покриваат лицето во јавноста за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Бизнис инсајдер” пренесува дека уредбата од утре  стапува во сила.

Куомо додаде дека втор ден по ред опаѓа бројот на пациенти во болниците заразени со коронавирус и нагласи дека здравствениот систем на оваа сојузна држава сега е стабилизиран до таа мерка да може да дава респиратори на други држави, пренесоа британските медиуми

Гувернерот, исто така, го изнесе и планот за повторно отворање на економијата, но во фази, почнувајќи од најбитните компании и оние кај кои ризкот од ширење на епидемијата со отворањето е најмал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот