Втор ден по ред пад на вредноста на акциите на Волстрит

Илустративна фотографија

Цените на акциите на Волстрит втор ден по ред бележат пад, затоа што инвеститорите се несигурни колку американската Централна банка ќе мора да ја заостри монетарната политика, со цел да ја потисне високата инфлација.

„Дау Џонс” (Dow Jones) ослабе за 176 поени или 0,54 отсто, на 32,813 поени, додека С&П 500 (S&P 500) се намали за 0,75 отсто, на 4,101 поен, а индексот „Насдак” (Nasdaq) за 0,72 отсто, на 11,994 поени.

По неколку недели паѓање, минатата седмица тие индекси се зголемија за повеќе од шест проценти. Тоа вроди надеж кај инвеститорите, дека пазарот почнува да закрепнува. Но, во изминатите два дена, цените на акциите повторно доживеаја пад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот