Втор ден по ред без починат од Ковид-19 на Косово: Во последните 24 часа се пријавени 159 позитивни случаи

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Втор ден по ред во Косово не е забележан ниту еден смртен случај од ковид-19, па вкупниот број на жртви на епидемијата на вирусот останува 657.

Според Националниот институт за јавно зравство на Косово (ИКШПК), од вчера извршените, рекордни досега, 1.245 тестирања со методот РТ-ПЦР (83.923 од појавата на епидемијата) ковид-19 е откриен кај 159 лица, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 17.422.

Во дневниот извештај на ИКШПК се наведува дека, вклучително вчерашните 58 излекувани, болеста досега ја совладале вкупно 14.894 лица.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата моментно има 1.871 активен носител на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот