Втор ден од протестите во Етиопија, загинаа над 50 луѓе

Еден полицаец е убиен во Адис Абаба, а непознат број луѓе ги загубија животите во трите експлозии што избувнаа таму.

Во главниот град на Етиопија, Адис Абаба, денеска е распоредена војска, додека вооружените банди се движат по населби во текот на вториот ден од немирите, во кои загинаа повеќе од 50 лица.

Протестите беа предизвикани од вчерашното убиство на популарниот музичар Хакалу Хундеси се проширија од Адис Абаба во околниот регион Оромија.

Убиството ескалираше во немири меѓу најголемата етничка група во Етиопија, Орома, тврдејќи дека тие со децении трпат репресија од владата и дека се исклучени од политичката моќ.

Најмалку 50 лица загинаа вчера во судирите во Оромија, меѓу кои и демонстранти и припадници на безбедносните сили, изјави регионалниот портпарол Гетачев Балча, додека некои продавници беа запалени.

Еден полицаец е убиен во Адис Абаба, а непознат број луѓе ги загубија животите во трите експлозии што избувнаа таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот