Втор чин од финалната битка за титулата во мак баскетот

фото: КФСМ

Денеска (17.часот), во Гевгелија, се игра вториот натпревар од финалето од плеј-офот во кошаркарскиот шамионат во Македонија, а овој пат улогата на домаќин ја има Еуро Никел.
Првиот натпревар заврши со минимален триумф на МЗТ Скопје од 83:81.
Тренерот на Еуро Никел, Горан Самарџиев вели дека неговата екипа ќе ги надмине сите проблеми, особено со се поприсутниот „замор на материјал“ предизвикан и поради фактот што наместо во Кавадарци, плеј-офот го играат во Гевгелија.

– Во изминатиот краток период, гледавме да се одмориме што е можно повеќе утре. Секојдневно патуваме на релација Кавадарци-Гевгелија. Премногу е напорно со оглед на тоа што имаме помал број на играчи, но повторно ние сме професионалци и не се откажуваме. Допрва ќе видат сите дека ние не се откажуваме, ова е само прв натпревар, ќе се бориме до последен здив, па нека победи подобриот – вели младиот тренер на клупата на Еуро Никел 2005.

Кавадарчани имаа одличен почеток во „Јане Сандански“. Направија серија од (12-0) во уводните минути од првиот финален меч. Но потоа како да ја загубија својата игра. Момент кој нивниот противник знаеше да го искористи и да направи пресврт по кој дојдоа и до првиот плус во финалето.

Дарко Радуловиќ, предводникот на МЗТ Скопје Аеродром од клупата, смета дека првиот меч треба да се заборави. Мислите да се насочат на она што денеска следува на Југот од земјата.
– Еуро Никел 2005 е доста искусна екипа. Можат да погодат шутеви од далеку, а за разлика од нив, на првиот меч ние во нападот не реализиравме од доста поволни ситуации за тоа. Но тоа е спортот, и навистина не треба многу дискутирање. Јасно е дека треба да ја поправиме играта’два на два’. Но мислам дека сме на добар пат – вели тренерот на МЗТ Скопје. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот