Втор бран на ковид-19: Болниците во Париз од овој викенд ќе одложат 20 отсто од хируршките операции

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Дирекцијата на париските болници соопшти дека е принудена да одложи хируршки интервенции „од овој викенд”, поради зголемен број на пациенти кои се позитивни на ковид-19 во одделите за интензивна нега.

Бројот на пациенти со ковид кои се хоспитализирани во парсиките билници се искачи од 150 на почетокот на септември на 330 во средата. Здравствените власти очекуваат до 600 на крајот на месецот.

– Расте и бројот на пациенти кои се примени на интензивна нега. Пред три недели беа 50, вчера 132 и  бројката веројатно ќе се искачи над 200 во наредната недела, соопшти заменик директорот, Франсоа Кремијо.

– Сега е потребно одложување. Сакавме да го избегнеме по секоја цена, но париските болници ќе бидат принудени да го сторат тоа од овој викенд, заради пациентите со ковид-19 на одделенијата за интензивна нега, објасни тој.

Болниците се надеваат дека новите ограничувања што вчера ги објави министерот за здравство, Оливие Веран, ќе овозможат да се запре епидемискиот скок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот