ВТА се уште се сомнева во безбедноста на Пенг: Видеото ништо не докажува

Шуаи Пенг пред неколку недели обвини екс кинески вицепремиер за силувањеа/ фото: EPA/NIC BOTHMA

Кинеската тенисерка Шуаи Пенг (35) во послените неколку дена ја загрижи јавноста бидејќи и „исчезна од јавноста“ откако го обвини поранешниот вицепремиер Занг Гаоли (75) за силување.

Објавата на Пенг која ја напиша на кинеската социјална мрежа Веибо дека Занг Гаоли ја силувал, веднаш беше избришана, а темата беше блокирана во расправиите на интернет во Кина кој е под строга цензура на властите.

Голем број тениски имиња, но и надвор од него, јавно искажаа дека се загрижени за безбедноста на тенисерката, а исто така изразија сомнежи во автентичноста на нејзините пораки кои ги испрати на Веибо.

 

Ху Ксијин, уредник на „Глобал Тајмс“ кинески медиум кој е под контрола на комунистичката паритја веќе објавуваше дека Пенг се наоѓа на сигурно и наскоро ќе се појави во јавноста. Кинеските државни медиуми и организатори на турнирот во Пекинг, објавија видеа на кои се гледа Пенг на вечера со пријателите, но ништо од тоа не покажува дека тенисерката не е под контрола на властите бидјеќи со неа и понатаму не може директно да се комуницира.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) објави дека претседателот Томас Бах имал 30-минутен разговор со Шуаи Пенг која „му објаснила дека е набезбедно и се чувствува добро, дека е во својот дом во Пекинг, но и оти сака нејзината приватност да се почитува во овие моменти“.

Но, ВТА и понатаму се сомнева во безбедноста на поранешната шампионка на Ролан Гарос и на Вимблдон во игра на двојки и смета дека објавените видеа се пропаганда на кинеските власти.
– Мило ми е што ги гледам видеата на кои е и Пенг, но и понатаму е нејасно дали е слободно и дали може сама да носи одлуки, без надворешен притисок. Самото видео не е доволно. И понатаму сум загрижен за здравјето и безбедноста на Пенг како и дека нејзините обвинувања за силување се цензурирани и турнати под тепих. Јасно кажав што мора да се случи бидејќи нашиот однос со Кина е на крстопат – изјави извршниот директор на ВТА, Стив Сајмон кој и се закани на Кина со одземање на организацијата на сите турнир, вклучувајќи го и ВТА финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот